Кошарка
Македонски дуел во квалификациите за ЛШ во кошарка
07.07.2022 22:17
Македонскиот претставник ТФТ Скопје во првото квалификациско коло ќе игра со германскиот тим Кемниц чијшто асистент е поранешниот тренер на МЗТ Ѓорѓи Кочов...

Лигата на шампионите во кошарка го нема фудбалскиот сјај, но и во неа е исклучително тешко да се стигне до групната фаза.
Македонскиот претставник ТФТ Скопје во првото квалификациско коло ќе игра со германскиот тим Кемниц чијшто асистент е поранешниот тренер на МЗТ Ѓорѓи Кочов. Ако го совлада најпријатното изненадување во Бундеслигата лани, ТФТ ќе оди на Фрибург од Швајцарија, а потоа и на турнир на крајот на септември против Тофаш, Волунтари и со Лестер.
