Тенис

Ивановски заврши во четвртфиналето на Вимблдон

07.07.2022 22:48

Во денешниот натпревар во јуниорска конкуренција на терените на сеанглискиот клуб, Ивановски загуби од Шпанецот Роденас иако го доби првиот сет со 6:3. Противникот потоа израмни во тај-брејк, а во третиот сет со 6:4 влезе во полуфиналето...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да го мине четвртфиналето на Вимблдон.

Во денешниот натпревар во јуниорска конкуренција на терените на сеанглискиот клуб, Ивановски загуби од Шпанецот Роденас иако го доби првиот сет со 6:3. Противникот потоа израмни во тај-брејк, а во третиот сет со 6:4 влезе во полуфиналето. 18-годишниот Ивановски имаше шанса да го реши мечот со 2-0 бидејќи се врати од негатива од 5:1 на 5:5 во гемови во вториот сет, но сепак не успеа да го продололжи резултатот којшто секако му е најдобар во кариерата.