Можно е најубавото за крај
Тениската мастерс приказна продолжението го има на европска земја, ама буквално, на земјата во Монте Карло.
До финалето на тениската Мастерс 1000-ка и нејзината трета епизода, не може да се сретнат планетарните еден и два, Надал и Ѓоковиќ. Во најмала рака, ако оди се по план на најдобрите двајца, ќе се гледа реприза од ланската финална пресметка на црвеницата во Монте Карло.

До повторна средба, полуфиналните противници може да им направат проблем и на Новак и Рафаел. На србинот можна компликација може да му приреди Федерер, кој по две години пауза од Монте Карло повторно е на црвеницата. На шапнецот влезот во последниот меч , може да му го отежни победникот на првиот грен слем, Санислас Вавринка. Но, и ¼ финалниот противник на шпанецот нималку наивен, неговиот сонародник 6-то рангираниот во кнежевството Ферер. Во половината на Надал уште се и Долгополов, Сепиа, Јужни. Вавринка до завршната 4-ка би го имал на пат Раониќ.
¼ финално евентуално спарингување Ѓоковиќ го чека со Бердих кој го има носителскиот број пет.
Досегашните две мастерс епизоди годинава на Американско тло му припаднаа на Новак Ѓоковиќ, вклучително тоа во Мајами кога финално се справи со Надал.
Но, сега се на подлога која му лежи на 8 пати во низ победникот во Монте Карло, Надал, серија прекината лани од србинот.
Со должна почит кон останатите, ако последниот ден во кнежевството им припадне на шпанецот и србинот, АТП поредок сепак, нема да претрпе промени, а тоа ќе биде тешко веројатно да се случи до Роланд Гарос. Дотогаш лидерството со сигурност ќе биде Надалово.