Јапонија

Атентат врз поранешниот премиер на Јапонија

08.07.2022 09:48

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е во критична состојба откако беше застрелан од зад грб за време на говор во Нара. Приведен е 41-годишен маж идентификуван како Јамагами Тецуја...

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е во критична состојба откако беше застрелан од зад грб за време на говор во Нара. Приведен е 41-годишен маж идентификуван како Јамагами Тецуја. 67-годишниот влијателен политичар водеше кампања за претстојните парламентарни избори. Дел од светските лидери веднаш го осудија нападот.

„Изразувам длабоко жалење и загриженост за овие вести од Јапонија за обидот за убиство на поранешниот премиер Шинзо Абе. Не знаеме во каква состојба е, но знаеме дека бил застрелан“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

„Во мое име и во името на Г20, изразувам длабоко сочувство и се молиме за брзо закрепнување на поранешниот премиер Абе“, Ретно Марсуди, министер за надворешни работи на Индонезија.

Абе беше премиер со најдолгиот мандат кој траеше од 2012 до 2020 година. Иако се повлече од функцијата поради здравствени проблеми, тој остана влијателна политичка фигура во владејачката Либерал-Демократска партија. Во неговото владеење беа направени похрабри монетарни потези, а ги зголеми трошоците за одбраната и ги зајакна односите со САД.