Руско-украински конфликт

Путин: Уште не сме ни почнале сериозни работи во Украина

08.07.2022 09:49

Рускиот претседател ја заострува реториката кон Западот. Во најновата изјава во Долниот дом на парламентот, тој го предизвика непријателот да се обиде да победи на фронтот...

Рускиот претседател ја заострува реториката кон Западот. Во најновата изјава во Долниот дом на парламентот, тој го предизвика непријателот да се обиде да победи на фронтот.

„Сите треба да знаат дека сè уште не сме започнале сериозни работи во Украина. Меѓутоа, во исто време не одбиваме мировни преговори. Но, оние кои ги одбиваат треба да знаат дека колку подолго ги одбиваат, толку потешко ќе преговараат со нас“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Војната во Украина е тема на денешниот самит на Г20 во Индонезија.