Јапонија

Почина Шинзо Абе, поранешниот премиер на Јапонија

08.07.2022 11:34

Поранешниот премиер Шинзо Абе, лидерот со најдолг стаж во Јапонија, почина денеска откако беше застрелан додека водеше кампања за парламентарните избори...

Поранешниот премиер Шинзо Абе, лидерот со најдолг стаж во Јапонија, почина денеска откако беше застрелан додека водеше кампања за парламентарните избори, пренесе Ројтерс повикувајќи се на информации од политичката партија на Абе.

Маж отвори оган врз Абе (67) од зад грб со очигледно рачно изработен пиштол додека тој зборуваше на сообраќаен остров во западниот град Нара.

Полицијата на префектурата Нара на лице место го уапси осомничениот Тецуја Јамагами (41), кој не пружал отпор при приведувањето.