Промоција на книгата „Сите наши кодоши“

14.04.2014 11:32

Досиејата од комисијата за лустрација и тешките човечки судбини беа инспирација за драмскиот текст „Сите наши кодоши“ на битолскиот автор Зоран Пејковски. Во делото се говори и за жртвите и за прислужниците. Се очекува делото да биде изведено како драмска претстава.
 
 
Досиејата од комисијата за лустрација и тешките човечки судбини беа инспирација за драмскиот текст „Сите наши кодоши“ на битолскиот автор Зоран Пејковски. Во делото се говори и за жртвите и за прислужниците. Се очекува делото да биде изведено како драмска претстава.
 
 
 Во драмскиот текст ,, Сите Наши Кодоши“ дело на новинарот и публицист Зоран Пејковски, се опфатени голем број на човечки судбини, неправди засновани на историски факти. Инспирацијата ја добил од читањето на досиеата од комисијата за лустрација. Вели дека во книгата има само дел од над триестината илјади досиеа што допрва ке се отвараат, а се творевина на над 70 илјади кодоши кој соработувале со  тајните служби .
 
- Во тие досиеа видов многу судбини, со кој некој се поигрувал во периодот од 1945 година па се до нивното расветлување  како послушници на еден период  во кој самоуништувањето на македонецот им бил предизвик рече авторот Зоран Пејковски.
 
Тој негативен генетски код, за македонскиот духовен и политички хоризонт од пеколот одамна ме натера да навлезам во светот на ,, Брехтовското толкување на современиот свет,, , Во текстот на Пејковски препознав една вивизација на современата стварност во Македонија рече рецензентот Јордан Плевнеш
 
- Илјадници луге за кој не знеме биле жртва на тој терор. За жал сеуште немаме доволен број на истражувачи за овој  тажен дел од македонското битие рече реценззентот Јордан Плевнеш.
 
Промоцијата ја збогатија и дел од битолските актери презентирајки кратки фрагменти на театарската сцена. Очекувањата се дека тоа набргу ке прерасне во комплетна драмска претстава.
 
Стевче Митревски