Свет
21 година затвор за полицаецот кој го уби Флојд
08.07.2022 11:49
Во мај 2020 година, Шовин го задуши приведениот афроамериканец, притискајќи го со колено околу 9 минути...

Полицаецот Дерек Шовин е осуден на 21 година затвор поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд. Офицерот не изрази каење за злосторството.
Во кусата изјава, на децата на Флојд им посака успех во животот, но не се извини. Во мај 2020 година, Шовин го задуши приведениот афроамериканец, притискајќи го со колено околу 9 минути.
