Елена Дуровска и Илчо Димитров се младоженците на претстојната „Галичка свадба“
Елена Дуровска и Илчо Димитров се младоженците на претстојната „Галичка свадба“. Народните обичаи остануваат темел на нашиот колективен идентитет и на вредностите...

Илчо Димитров и Елена Дуровска се годинешните зет и невеста на „Галичката свадба“. Повеќегодишната љубов решиле да ја крунисаат во живописниот мијачки крај од каде и двајцата потекнуваат. На падините на планината бистра од 15 до 17 јули ќе одекнат зурлите и тапаните, каде традицијата и народните обичаи остануваат темел на нашиот колективен идентитет и вредности. Младоженците велат дека немаат пропуштено ниту една галичка свадба во последниве 10 години.
Галичката свадба е повеќе од традиција, од културно богатство, од адет, од наследство. Препознавајќи ги трудот и љубовта што се вложуваат за зачувување на оваа уникатна манифестација, Министерството за култура заедно со институтот за фолклор работи на елаборат за зачувување и заштита на галичките свадбени обичаи.
Програмата на годинашната галичка свадба почнува вечерта на 15 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.
Александра Спировска
