Фудбал

Кој е најблиску до титулата?

14.04.2014 12:02

Како што одминуваат натпреварувачките рунди, заплетот е се поголем.Никогаш досега македонскиот фудбал не бил соочен со толкава неизвесност во трката за титулата. Шест кола има до крајот, пет состави се со шампионските сништа. За некои од нив и излезот во Европа ќе биде добра алтернатива.Непредвидливиот  бодовен јуриш трае долго,со забрзувања или мали  забавувања на учесниците. По 27 коло Работнички побегна,и е  за два чекора е пред Вардар. „Најдобитен“ беше Металург по подвигот во Битола, бодовно израмнувајќи се со Хоризонт и со Пелистер.

Како што одминуваат натпреварувачките рунди, заплетот е се поголем.Никогаш досега македонскиот фудбал не бил соочен со толкава неизвесност во трката за титулата. Шест кола има до крајот, пет состави се со шампионските сништа. За некои од нив и излезот во Европа ќе биде добра алтернатива.Непредвидливиот  бодовен јуриш трае долго,со забрзувања или мали  забавувања на учесниците. По 27 коло Работнички побегна,и е  за два чекора е пред Вардар. „Најдобитен“ беше Металург по подвигот во Битола, бодовно израмнувајќи се со Хоризонт и со Пелистер. Редоследот на табелата на водечкиот „квинтет“ изгледа вака:

1.      Работнички 50

2.      Вардар         48

3.      Хоризонт     47

4.      Металург     47

5.      Пелистер     47

Изедначеноста на екипите ја илустрира и табелата  врз основа на резултатите во меѓусебните дуели. Металург е најуспешен  но, со натпревар повеќе:

 

     1.Металург     13 (9=3-4-2)

     2.Работнички  12(8=3-3-2)

     3.Пелистер      12 (9=3-3-3)

     4.Хоризонт       9 (8=2-3-3)

 5.Вардар           9 (8=2-3-3)

Каква е тежината на завршните шест натпреварувачки етапи, со кои што се соочени екипите?

Работнички:       Вардар:            Хоризонт:           Металург:              Пелистер:

Ренова(г)               Металург(г)      Гостивар(г)         Вардар(д)                 Еуромилк(д)

Металург(д)         Пелистер(д)       Ренова(д)             Работнички(г)         Вардар(г)

Пелистер(г)          Еуромилк(д)      Металург(г)        Хоризонт(д)             Работнички(д)

Вардар(д)              Работнички(г)   Пелистер(д)        Брегалница(г)          Хоризонт(г)

Еуромилк (д)        Хоризонт(д)      Вардар(г)             Шкендија(д)            Брегалница(д)

Хоризонт(г)          Брегалница(г)   Работнички(д)     Македонија ЃП(г)   Шкендија(г)

Сеуште е долг и непредвидлив патот до 18 мај.Голема е веројатноста дека  ќе се решава се во последното коло!И за титулата и за излезот во Европа како „утешна“ награда.