Македонија

Едночасовни блокади низ државата поради францускиот предлог

08.07.2022 14:49

Денеска едночасовни блокади низ државава. Продолжува граѓанското „не“ за европскиот предлог во Скопје, пред Владата. Власта да го отфрли документот и да не ја префрлува топката кај пратениците во Собранието, бара ВМРО-ДПМНЕ...

Со едночасовна блокада на крстосницата пред македонската Влада и на уште три магистрални патишта низ Македонија, продолжи искажувањето на граѓанскиот револт од францускиот предлог.

Во меѓувреме, предлогот од Владата беше проследен до Собранието. Од извршната власт најавија дека заклучоците од Законодавниот дом ќе бидат обврзувачки за нив. Македонската телевизија ги праша и граѓаните – какво сценарио очекуваат и посакуваат во Собранието.

Од ВМРО – ДПМНЕ со критика – наместо фамозниот протокол со Бугарија, Владата до Собранието достави само информација од една страница.

Од ВМРО – ДПМНЕ ја повикаа Владата да го чуе гласното не на народот. Протестите продолжуваат в недела, во 19 часот пред македонската Влада.

Марија Котовска