Нови 297 случаи на Ковид-19, починаа две лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.113 тестови, а регистрирани се нови 297 случаи на Ковид-19: Скопје – 174, Куманово – 21, Битола – 17, Прилеп и Кавадарци – по 12, Велес – 11, Гостивар – 9, Штип – 8, Тетово – 6, Струмица, Кичево и Радовиш – по 4, Кочани и Гевгелија – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Охрид, Струга, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (297), регистрирани се 69 реинфекции.
Регистрирани се 180 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Охрид – 21, Велес – 10, Штип – 9, Струга – 8, Битола – 7, Прилеп и Кочани – по 6, Тетово – 3, Гостивар – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Неготино, Делчево и Дебар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (80г и 71 г), едното лице е починато во болнички услови,а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на ден 29.06.2022 и 30.06.2022.
Досега во земјата се направени вкупно 2.088.834 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.699, бројот на оздравени пациенти е 304.777, на починати е 9.331, а бројот на активни случаи изнесува 1.591
