Македонија

Честитки од државниот врв по повод Курбан бајрам

09.07.2022 10:13

Државниот врв со честитки до верниците од исламска вероисповед по повод Курбан бајрам...

Државниот врв со честитки до верниците од исламска вероисповед по повод Курбан бајрам. Претседателот Пендаровски вели – ова е празник на солидарноста и на милосрдието коишто најмногу доаѓаат до израз во време на економски предизвици со кои се соочуваат нашата држава и светот. „Курбан бајрам е нераздвоен дел од вековниот соживот во македонското мултирелигиско и мултиетничко општество, во духот на сплотеноста да ја градиме Република Северна Македонија како наш единствен заеднички дом“, вели Пендаровски.

Спикерот на Собранието, пак, побара обединување за суштинските прашања. „Да не дозволиме барем за суштинските прашања да бидеме сами туку, да се обединиме за надминување на секаква пречка или тешкотија што се појавува пред нас. Да го славиме заедно животот и да ја градиме заедничката иднина“, напиша Џафери.

Премиерот Ковачевски укажа дека великодушноста, сочувството и солидарноста сега ни се потребни повеќе од кога било порано. „Сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот“, порача премиерот Ковачевски.