Спортско – музички хепенинг на планината Плачковица
Љубителите на планинските спортови и добрата музика викендов имаат можност да бидат дел од проектот „Ја сакам Плачковица“. Се работи за спортско – музички настан во организација на штипските планинари, а во рамки на Штипското културно лето...

Дење планинарски спортови, навечер концерти. Ова е концептот на традиционалниот летен настан на планината Плачковица, во организација на Друштвото на планинарски спортови „Лисец“, a во рамки на Штипското Културно Лето. Ноќната забава ја гарантираат познати музичари, а дневната понуда е за оние кои вистински ја сакаат планината
Велосипедската планинска тура е во должина од 35 километри, ќе се вози од „Вртешка“ до планинарскиот дом „Џумаја“ Радовиш и назад. Голем е интересот за учество и во планинската трка
Од оваа година се востановува и детска планинска трка. Програма има и за помалку искусните планинари.
Планинарскиот дом „Вртешка“ е домаќин на овој настан 17 години. Заради големиот интерес адаптиран е простор за кампување за сите посетители, кои во добар дел веќе се пристигнати, а ги има и од соседните земји.
Славица Величковска
