Ковид состојбата стабилна, но бројките се зголемени
Во Прилеп е стабилна ситуацијата со Ковид-19. Во болницата има само еден хоспитализиран. Но, од Центарот за јавно здравје почнуваат да прават анализи, зашто зголемен е бројот и на тестирани, и на новозаразени и на реинфекции...

Ковид состојбата во Прилеп е стабилна, но не може да се занемари зголемувањето на бројките. Тоа ги натера надлежните будно да ја следат ситуацијата и да ги прават анализите.
Во прилепската болница има само еден хоспитализиран пациент. Бројот на прегледите се одразува кај матичните.
Подготвеноста е и кај граѓаните, посебно кај повозрасните. Иако не во голем број, сепак доаѓаат за четврта вакцина.
Иако состојбата е стабилна, покрај извештаите, од Министерството за здравство ги бараат и пресметките за капацитетот на болничките легла.
Елизабета Митреска
