Енергетика

Договорен состанок во Тирана за регионална енергетска координација пред грејната сезона

09.07.2022 11:24

Енергетската координација во пресрет на следната грејна сезона беше една од темите на вчерашниот онлајн состанок на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски...

Енергетската координација во пресрет на следната грејна сезона беше една од темите на вчерашниот онлајн состанок на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Договорено е во средината на месецот во Тирана да се одржи состанок на претставници на енергетскиот сектор од Северна Македонија, Србија и Албанија, за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период.

Енергетската криза се разгледуваше на вчерашниот состанок на премиерите Ковачевски, Рама и Вучиќ како една од главните точки на состанокот, покрај евроинтеграциите, странските инвестиции и активностите за слободен проток на луѓе и стоки меѓу трите земји.