Временските услови не дозволуваат жетвата да земе замав
Деновиве во најголемата наша житница започнаа жетвените активности, но временските услови не дозволуваат таа да земе замав. Квалитетот на лебното зрно е просечен, а просечните приноси ќе се движат од три и пол до четири тони по хектар или нешто под ланските приноси. Од најголемиот земјоделски комбинат ЗК Пелагонија велат без откупна цена од 22 до 25 денари за килограм откупена пченица не може да се смета на рентабилно и развојно производство...

Деновиве на парцелите на ЗК Пелагонија и некои индивидуални земјоделци паднаа првите пченични класје. Актуелните временски услови не дозволуваат жетвата да влезе во полн погон. Засега комбајните жнеат по принципот тргни застани.
Од најголемиот земјоделски комбинат велат под пченица се нешто над четири и пол илјади хектари или една третина од вкупната застапеност на оваа култура во најголемата житница. На околу илјада поради градот бележат околу 30 посто загуба на лебното зрно. Преостанатиот род е со задоволителен квалитет. Првите процени велат дека просечните приноси ќе се движат од три и пол до четири тони по хектар или нешто под ланскиот просек. Причините иронични она што сега прави проблеми недостасуваше во вистинскиот момент.
Не помало влијание имаа високите цени на ѓубривата и намалениот и ненавремен обем на прихрана. Но сепак многу нешта ќе зависат од откупната цена.
Рентабилната цена велат ќе делува стимулативно за зголемувањето на следниот есенски сеидбен план. За враќање на некогашното производство апелираат стимулативните мерки пристигнуваат навремено, и да им се даде можност да аплицираат на ИПАРД програмите, а запоставените одводни канали да се исчистат.
Стевче Митревски
