Шри Ланка
Демонстрантите упаднаа во резиденцијата на Раџапакса
09.07.2022 12:25
Демонстрантите кои протестираат со недели бараат оставка од Раџапакса поради економската криза...

Илјадници демонстранти денеска упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса. Тој ја напуштил резиденцијата неколку минути пред упадот на демонстрантите и армијата го одвела на непозната локација.
Демонстрантите кои протестираат со недели бараат оставка од Раџапакса поради економската криза.
Шри Ланка се наоѓа во најлошата економска криза уште од прогласувањето на независност во 1948 година.
