Бугарија
„Продолжуваме со промената“ не успеа да формира коалиција
09.07.2022 14:34
Бугарската центристичка партија „Продолжи ја промената“ објави дека не успеала да обезбеди поддршка од мнозинството во Парламентот за да предложи нова коалициска Влада...

Бугарската центристичка партија „Продолжи ја промената“ објави дека не успеала да обезбеди поддршка од мнозинството во Парламентот за да предложи нова коалициска Влада.
Асен Василев, кој се очекуваше да биде номиниран за иден бугарски премиер, го информираше претседателот Радев дека партијата не ја добила поддршката од најмалку 121 пратеник во 240-члениот Парламент.
Партијата го доби мандатот за формирање Влада пред една недела, откако коалициската Влада што ја предводеше падна со гласање недоверба на Парламентот.
