Курбан бајрам

Муслиманските верници го празнуваат Курбан бајрам

09.07.2022 15:17

Верниците од исламска вероисповед го слават големиот празник Курбан бајрам, поврзан со завршувањето на објавата на Светиот Куран, но и со извршувањето на хаџот на аџиите на светите места. За овој Бајрам се дава курбан, па се вели дека е ова празник на радоста, хуманоста, моралот, мирот, достоинството.Верниците од исламска вероисповед го слават големиот празник Курбан бајрам, поврзан со завршувањето на објавата на Светиот Куран, но и со извршувањето на хаџот на аџиите на светите места. За овој Бајрам се дава курбан, па се вели дека е ова празник на радоста, хуманоста, моралот, мирот, достоинството...

Празник на радоста, хуманоста, милосрдието. Верниците се собраа во џамиите за еден од најголемите муслимански празници, Курбан бајрам.

Со утринската молитва почнува тридневната прослава, карактеристично за овој празник е принесувањето на жртва – курбан која има симболика на приближување кон бога.

Централната церемонија се одржа во Мустафа-пашината џамија во Скопје. Поглаварот на исламската верска заедница ја пренесе пораката за мир и солидарност.

Бајрам ги сплотува семејствата и им дава духовна сила на сиромашните. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот.

 

Ана Ј. Тодоровска