Француски предлог

„Дојче веле“: Софија не е задоволна од чистиот македонски јазик, но е пресреќна со францускиот предлог

09.07.2022 17:00

Како што пренесува медиумот, Софија е незадоволна што во преговарачката рамка е наведен чист македонски јазик, а договорот за добрососедство и протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата...

„Дојче веле“ објави извештај од бугарското Mинистерство за надворешни работи. Како што пренесува медиумот, Софија е незадоволна што во преговарачката рамка е наведен чист македонски јазик, а договорот за добрососедство и протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата. Во исто време, се додава дека францускиот предлог го смета за нешто на што неможело ни да се надева до пред само 6 месеци. Станува збор за извештај што министерката Генчовска не успеа до крај да го презентира пред Комисијата за надворешни работи на бугарското Собрание.

„Нацрт-преговарачката рамка несоодветствува со рамковната позиција од 2019 година, бидејќи имплементацијата на договорот за добрососедство и протоколот од член 12 не претставуваат формален критериум за отворање или затворање на поглавјата од преговорите. Не е предвидена улога на советот на ЕУ во оценката дали Северна Македонија го спроведува билатералниот протокол, а оваа оценка е препуштена на Европската комисија“, се вели во извештајот. И покрај добрите и лошите страни детектирани од Софија, генералниот заклучок на бугарското МНР, како што објавува „Дојче веле“, е дека францускиот предлог треба да се прифати за Бугарија да ја искористи добрата позиција до која дошла.