Мемфис извојува витална битка за пласман во доигрувањето

14.04.2014 13:18

За последното плеј-оф место се борат Гризлис кои што победија кај Лејкерс во синоќешната НБА понуда и Феникс, кои што во натпреварите по полноќ на домашен терен го пречекуваат директниот конкурент за пост сезоната.
 
Гризлис имаат 48/32, а Санс 47/33 во директниот дуел за 8-та позиција на Западот, што е последниот билет за плеј-оф рундата. Мемфис славеше против одамна отпишаните Лејкерс со 90:102, најдобри поединци на натпреварот беа Конли со 24 поени кај победникот и Микс со 20 кај поразените.
 
На Мемфис му остануваат уште дуелите кај Феникс и дома против Далас, а на Санс по вечерашниот уште и мечот со Сакраменто. Во трите претходни меѓусебни натпревари во тековната сезона, победи составот на Мемфис.
 
На другите средби каде што екипите се борат за што подобар старт на плеј-офот и што послабо пласиран противник во првата рунда, односно за почесно завршување на сезоната во која што не избориле плеј-оф, Бруклин победи против Орландо со 97:88, Никс славеа во дуелот против Чикаго со 100:89, Портланд по продолжението победи против Голден Стејт со 119:117 и Сакраменто се радуваше на мечот со Минесота, победувајќи со 106:103.