in memoriam

Почина проф. д-р Методи Чепреганов

09.07.2022 17:08

По кратко боледување, почина професор доктор Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, информираше болницата во којашто тој работеше последниве 20 години...

По кратко боледување, почина професор доктор Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, информираше болницата во којашто тој работеше последниве 20 години. Зад неговото име се повеќе од 260 научни трудови и 130 монографии, како и 47 книги од своето повеќедецениско работење.

Д-р Чепреганов, повеќе од 25 години беше професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Беше дел од Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од француско говорно подрачје, носител на орден, доделен од првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.