Македонија
МВР и СДСМ со реакција по интервјуто на Мицкоски
09.07.2022 18:37
Министерството за внатрешни работи и СДСМ се огласија по интервјуто на Мицкоски за српската телевизија...

Министерството за внатрешни работи и СДСМ се огласија по интервјуто на Мицкоски за српската телевизија. Од владејачката партија сметаат дека Мицкоски се претставува како наводна жртва за дополнително да ја радикализира атмосферата, иако според нив, токму ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса биле режисери на сценарио коешто не успеало.
Од МВР, пак, појаснија дека е приведен 40-годишен скопјанец кој пукаше со пиштол за време на инцидентот кај Скендербег, оружјето е одземено и е поднесена кривична пријава, а на лицето му е определен притвор. Од МВР негираат дека уапсениот бил вработен во полицијата.
