Македонија

Потрага по двајца Македонци на Халкидики

09.07.2022 21:40

Во тек е голема потрага со хеликоптери и со бродови, јавуваат грчките медиуми. Според Катимерини, туристите исчезнале од плажата „Мити“...

По роденденска прослава, тројца македонски туристи скокнале во морето, по што двајца од нив биле однесени од брановите во областа Посиди на првиот крак Касандра, на Халкидки. Во тек е голема потрага со хеликоптери и со бродови, јавуваат грчките медиуми. Според Катимерини, туристите исчезнале од плажата „Мити“.

Откако крајбрежната стража била информирана од капачи кои виделе како трите млади момчиња биле однесени од морската струја, пронашла еден од исчезнатите, кој веднаш бил хоспитализиран.

Потрагата по другите двајца сè уште трае. Исчезнатите се на возраст од 20 и 23 години. Во спасувачката акција се ангажирани хеликоптери и три брода.