Шри Ланка

Запален домот на премиерот Викремесинге

10.07.2022 09:48

Гневот на демонстрантите е поттикнат од најтешката економска криза во историјата на земјата, која со месеци се соочува со рестрикции на струја и гориво, а недостигаат и храна и лекови...

Демонстрантите во Шри Ланка ја запалија приватната резиденција на премиерот ранил Викремесинге. Откако прво упаднаа во палатата и се капеа во неговиот базен.

Гневот на демонстрантите е поттикнат од најтешката економска криза во историјата на земјата, која со месеци се соочува со рестрикции на струја и гориво, а недостигаат и храна и лекови.

Инфлација во моментов изнесува 30 проценти.