Италија
Мигранти се префрлаат од центарот на Лампедуза
10.07.2022 09:49
Италијански воени бродови почнаа да ги евакуираат првите 600 мигранти од сицилијанскиот остров Лампедуза, откако се појавија снимки од лошите услови...

Италијански воени бродови почнаа да ги евакуираат првите 600 мигранти од сицилијанскиот остров Лампедуза, откако се појавија снимки од лошите услови.
Месецов е забележан раст на мигрантите во Италија во споредба со претходните години. Од јануари досега, 30.000 луѓе бараат статус на бегалци, наспроти 22.700 во истиот период во 2021 година и 7.500 во 2020 година.
