Јапонија

Убиецот на Абе се обидел да направи и бомба

10.07.2022 09:49

Обвинетиот по апсењето рекол дека дејствувал од омраза кон религиозна група која го поддржува Абе...

Човекот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе и кажал на полицијата дека се обидел да направи бомба, објавија јапонски медиуми повикувајќи се на истражни извори.

Тецуја Јамагами и рекол на полицијата дека направил и повеќе оружја. Обвинетиот по апсењето рекол дека дејствувал од омраза кон религиозна група која го поддржува Абе.

Според него, неговата мајка донирала големи суми на верска организација, која ја уништила.