Македонија

Продолжува потрагата по изчезнатите Македонци

10.07.2022 10:02

Покрај крајбрежната стража, во акцијата се вклучени и хеликоптери, патролни и рибарски бродови. Грчките медиуми пренесуваат дека лицата се скопјани на возраст од 29 и 30 години...

Продолжува потрагата по двајцата македонски државјани кои вчера попладне биле однесени од морските струи во водите на Егејското море на плажата „Мити“ во Посиди на првиот крак на Халкидики.

Покрај крајбрежната стража, во акцијата се вклучени и хеликоптери, патролни и рибарски бродови. Грчките медиуми пренесуваат дека лицата се скопјани на возраст од 29 и 30 години.

Заедно со нивниот 25 годишен пријател кој синоќа беше спасен и по укажаната медицинска помош е во добра состојба, претходно правеле прослава по која влегле во водата да се капат и биле повлечени од струите.