Го покорија регионот, можат ли и Европа

14.04.2014 13:37

Наизглед тешко, со прво водство дури во 39-тата минута од второто полувреме, но само наизглед,  ракометарите на македонскиот шампион сепак убедливо, за класа подобри од сите на завршниот турнир по втор пат го покорија регионот во третото Сеха финале. Вардарци демонстрираа моќ, се стекнуваше впечаток дека во секој момент можат да дозираат колку сакаат, пробуваа во одбраната и нападот како финалето на Сеха да го користат за подготовка за четвртфиналниот предизвик во лигата на шампионите против Флензбург.

Наизглед тешко, со прво водство дури во 39-тата минута од второто полувреме, но само наизглед,  ракометарите на македонскиот шампион сепак убедливо, за класа подобри од сите на завршниот турнир по втор пат го покорија регионот во третото Сеха финале. Вардарци демонстрираа моќ, се стекнуваше впечаток дека во секој момент можат да дозираат колку сакаат, пробуваа во одбраната и нападот како финалето на Сеха да го користат за подготовка за четвртфиналниот предизвик во лигата на шампионите против Флензбург. Некој по 40-те минути во кои резултатски предничеше Мешков можеби и стравуваше дека може да се повтори финалето од Борис Трајковски пред 1 година, но не и ракометарите, свесни за својот квалитет, моќта, индивидуална и тимска. За поупатените се чини дека се беше рутина, само прашање на време, кога Вардар ќе го сврти финалето во своја полза.Така и беше, во навидум израмнета игра црвено-црните на моменти и со многу атракција негативата ја претворија во 5 позитива.Својствено само за големите екипи. И тогаш веќе се беше јасно.„Јасно е зошто Вардар е меѓу најдобрите 8 во Европа, против таков тим немате право на грешка“-изјавата на тренерот на Мешков,Бабиќ.

Првиот трофеј во како што веќе ја нарекоа најуспешната сезона веќе е во вардаровите ветрини, но не како круна ,туку како вовед. А,воведот беше прекрасен, но регионален. Сега на ред е Европа. Фленсбург и четвртфиналето во лигата на шампионите се следниот предизвик ,по 7 дена.Амбициите растат, сега на реална основа според прикажаното и резултатите. Тимот што доби нов квалитет предводен од младиот шпанец со големо искуство на клупата и со како што го нарекоа летечкиот русин, најкорисниот играч на Сеха лигата Тимур Дибиров е пред нов предизвик. Уште еден фајнл-фор, но сега во Келн.