Македонија

Мешовити патроли во контрола на ноќниот живот во Битола

10.07.2022 10:26

Во рамките на превентивната активност „Безбедно Лето“ мешовити тимови од полициски службеници, родители и просветни работници во обиколка на локалите и местата каде се дружат битолските неполнолетни тинејџери. Ако за неносењето на лична документација и присуството по некоја чашка алкохол на масите следуваа превентивни совети приведено беше 22 годишно момче од градскиот парк поради поседување на марихуана...

Каде излегуваат, со кого се дружат и со какви девијантни појави се соочуваат неполнолетните тинејџери одговор преку превентивната акција побараа мешовитите патроли составени од полициски службеници, родители, психолози и просветни работници. Иако потајно веруваат во домашното и образовното воспитание видлива беше возбудата и неизвесноста кај родителите и одговорните во училишните совети за превенција од детско престапништво.

Те-та-тет средбите во кафулињата и ноќните локали покажаа дека најголем дел од целната група не поседува документи за лична идентификација и дека имаат свој разработени шеми како да се нарача алкохол. Полициските службеници превентивно ги потсетуваат на законските акти кој како малолетници треба да ги почитуваат.

Превентивните совети изостанаа за 22 годишно момче кое беше приведено од градскиот парк поради поседување на марихуана. Граѓаните згрозени што најголемото зло станува се подостапно.

Од СВР Битола велат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел да се превенираат девијантните ризици.

Стевче Митревски