Водоснабдување

Штип со години има проблеми со водоснабдувањето

10.07.2022 10:41

Старата водоводна мрежа во Штип попушта, неделава два дена околу половина град беше без вода. Големи се и загубите на вода во системот, а сè уште се во функција и азбестни цевки. Локалната власт планира со средствата од самопридонесот да се почне целосна обнова на водоводните инсталации, за што претходно ќе организира референдум...

Дефект на главната водоводна линија неделава беше причина два дена околу половина од жителите на Штип да останат без вода. Најпогодени беа домаќинствата од повисоките зони. Дефектот сега е отстранет, но проблемот не е трајно решен.

Штип со години има проблеми со водоснабдувањето. Причината не е недостиг на вода, туку старата водоводна мрежа каде се губи околу половина од водата која излегува од пречистителната станица. Една третина од водата во Штип тече низ азбестни цевки, а сè уште не е изготвен подземен катастар за водната инфраструктура.

Славица Величковска