Членови на работната бригада на ветерани „Кочо Рацин“ од Велес работно ангажирани во инфраструктурни работи во општината
Иако со долг стаж во акцијаштвото и ветерани, тие не се предаваат и натаму помагаат во инфраструктурните работи во Велес и велешко. Членовите на бригадата „Кочо Рацин“ неуморно работат на изградба на Велес, согласно нивните физички можности...

Дождливото време не беше пречка за некогашните акцијаши, сега членови на работната бригада на ветерани работно да го минат викендот. Бригадата „Кочо Рацин“ од Велес постои од 2018-та година и во неа членуваат учесници на некогашните работни акции. Како и тогаш, така и сега тие учествуваат во инфраструктурни активности, согласно нивните физички можности.
Освен во Велес и Македонија, акцијашите ветерни во неколку наврати беа и во Србија, каде работеа. За здравјето на членовите на бригадата се грижи пензионираниот доктор Никола Нацев и сам поранешен акцијаш.
Бригадата брои околу 80 членови. Нивните работни активности се поврзани со активности на локалната власт во Велес и Чашка. Викендов членовите на бригадата го минаа работно. Чистеа на неколку локации во Општина Чашка.
На оваа работна средба учествуваа и акцијаши гости од Скопје, Битола, Штип а дел од велешани околу десетина лица викендов се во Нови Пазар-Србија, каде помагаат на нивните домаќини.
Петар Печков
