Вечерва продолжуваат протестите
По паузата поради празникот Курбан бајрам, вечерва во Скопје продолжуваат протестите против прифаќањето на францускиот предлог. Како што соопштија од иницијативата „Ултиматум, не благодарам“, протестот ќе почне во 19 часот пред Владата и ќе продолжи пред Министерството за правда и Собранието...

По паузата поради празникот Курбан бајрам, вечерва во Скопје продолжуваат протестите против прифаќањето на францускиот предлог. Како што соопштија од иницијативата „Ултиматум, не благодарам“, протестот ќе почне во 19 часот пред Владата и ќе продолжи пред Министерството за правда и Собранието.
Организаторите ги повикаа сите граѓани, на своите балкони или прозорци да го развиорат македонското знаме и апелираа на протестот да нема инциденти.
„Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија“, се вели во најавата од иницијативата „Ултиматум, не благодарам“.
