Претседателот Раџапакса најави оставка
Запалена е куќата на премиерот во Коломбо, окупирана е претседателската палата, демонстрантите влегле во неа. Шефот на државата Раџапакса одлучи да се повлече од функцијата на 13 јули. Опозицијата се надева дека ќе формира нова Влада по понудените оставки на државниот врв...

Претседателот на Шри Ланка, Раџапакса, најави дека ќе се повлече од функцијата откако граѓаните упаднаа во приватната резиденција на премиерот Викремесинге. Гневот на демонстрантите е поттикнат од најтешката економска криза во историјата на земјата, која со месеци се соочува со рестрикции на струја и гориво, а недостигаат и храна и лекови. Инфлацијата во моментот изнесува 30 проценти.
„Се чувствувам ужасно, и како граѓанин и како премиер. Главно сум бил во влади, каде што обезбедивме луѓето да имаат три оброци и да се зголеми приходот. Но сега ќе имаме назадување во економијата. Ќе биде лошо“, изјави Ранил Викремасинге, премиер на Шри Ланка.
„Не грешам кога реков дека денеска ја добивме оваа борба. Се собравме оставајќи ги настрана сите разлики и ја опколивме куќата на претседателот. Очекуваме изјава од г-дин Раџапакса да каже дека поднел оставка“, изјави Мохамад Имран, демонстрант и жител на Коломбо изјави.
„Народот ја покажува моќта на народот на нацијата и на меѓународната заедница. Народот неколку месеци бара од н Раџапаксада поднесе оставка и да му ја даде власта на народот. Луѓето насилно влегоа во куќата на претседателот и ја зедоа под контрола. Па сега ова е вистинската работа што се случи денес. Треба да им кажеме на луѓето сега дека треба да се собереме и да формираме Влада на нацијата“, изјави Јагат Арнолд де Силва, секретар на Меѓуобразовен синдикат.
Според претседателот на парламентот, Раџапакса ќе даде оставка на 13 јули, а премиерот исто така прифатил да ја напушти функцијата. ,
„На претседателот му предложив Влада на сите партии. Денеска во земјата имаме криза со гориво, недостиг на храна, шефот на светската програма за храна доаѓа овде, треба да разговараме за неколку работи за разговори со меѓународниот монетарен фонд. Затоа ако оваа Влада си оди веднаш треба да имаме друга Влада. Не е во ред државата во овој момент да нема Влада“, изјави Ранил Викремасинге, премиер на Шри Ланка.
Викремасинге рече дека одлуката на претседателот е со цел да „обезбеди мирно предавање на власта“. Ги повика граѓаните да ги почитуваат законите.
Марина Ристова
