Македонија

Спасен уште еден од исчезнатите Македонци

10.07.2022 13:08

Од воздух и по море се трага по уште едниот исчезнат капач, наш сонародник кој заедно со уште двајцата други сега пронајдени, беа одвлечени од морските струи на грчката плажа „Мити“ во Посиди. Лошите временски услови ја отежнуваат операцијата но таа ќе продолжи тврдат од крајбрежната стража...

Еден од исчезнатите капачи, македонски државјани е пронајден жив на 14 милји југозападно од првиот крак Касандра на Халкидики. Го пронашол товарниот брод Гибралтар. 30-годишно момче е во добра здравствена состојба, а според грчките медиуми велат дека е импресивно како издржал толку време по толку време во вода во услови на силни ветришта. Потрагата на грчката крајбрежна служба, на спасувачите и волонтери продолжува за пронаоѓање на третиот Македонец. Според локалните медиуми во потрагата се вклучиле братот и таткото на еден групата.

Портпаролот на крајбрежната стража Никос Кокалас информираше дека силниот ветар и големите бранови ја отежнуваат операцијата.

Уште синоќа, патролен чамец на пристанишната капетанија Неа Мудања го пронајде и спаси 25-годишин наш државјанин, кој бил пренесен во риболовното засолниште „Неа Скиони“ и оттаму со возило на брзата помош во општата болница Халкидики. По укажаната лекарска помош. Неговата состојба е добра.

Во саботата попладне откако тројцата пријатели влегле во морето дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започнала и спасувачката акција.

Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа изјави дека токму оваа плажа важи за една од најопасните за пливање поради морските струи и големите бранови.

Согласно грчките закони во официјалните соопштенија на институциите не се објавуваат податоци за националност, иницијали и друго. Од македонското МНР, пак, потврдија дека се работи за македонски државјани и дека нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување. Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун се вели во соопштението на Министерството е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани, и стои на располагање за секаква помош.

Фиљана Кока