Јанкулоска: Најмирни избори во историјата на Република Македонија
Најмирни во историјата, реализирани во фер и демократска атмосфера, ова е оценката на МВР за првиот круг од престедателските избори.
Полицијата утрово приведе две лица во Струмица на 30 и на 52 годишна возраст поради повреда на слободата на определување на гласачи и против нив ќе следи соодветна пријава. Тие, информира денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вршеле притисок врз Ромите во ромското маало во Струмица во однос на нивното определување.
Генерално, потенцира Јанкулоска, вчерашниот изборен ден поминал мирно, во фер и демократска атмосфера.

„Вчера ги имавме од безбедносен аспект најмирните избори и од аспект на интервенции на полицијата најмал број на случаи во историјата досега, кога полицијата воопшто требаше да излезе на терен да реагира, а уште помалку да интервенира“, констатира Јанкулоска.