Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања пред утрешната собраниска координација
Откако СДСМ изрази очекување и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка, оттаму реагираат дека народните избраници од редовите на социјалдемократите се притиснати да гласаат за нешто кое и самите го немаат видено. Оттаму побараа власта да го објави билатералниот протокол со Бугарија...

Пред собраниската координација за францускиот предлог, закажана за понеделник, по што треба да се знае кога ќе има расправа во Законодавниот дом, власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања. Откако СДСМ изрази очекување и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка, оттаму реагираат дека народните избраници од редовите на социјалдемократите се притиснати да гласаат за нешто кое и самите го немаат видено. Оттаму побараа власта да го објави билатералниот протокол со Бугарија.
И додека ВМРО-ДПМНЕ го бара протоколот, од СДСМ бараат одговорност за насилните протести, кои според нив, се организирани од Мицкоски, заедно со коалицискиот партнери од Левица и Алијанса. Од владејачката партија се повикаа на безбедни извори, според кои, во насилничките групи имало и платеници од странство.
Дебатата за францускиот предлог сега се сели во Собрание. Во меѓувреме, амбасадорот на Чешка во земјава, која е актуелен претседавач со Европската унија, соопшти дека Прага е подготвена да придонесе за спроведување на предлогот, откако Скопје ќе го одобри.
Билјана Јанакиеска
