Шефицата на ММФ на средба со Ковачевски, Ангеловска-Бежоска и Бесими: Се преземаат силни политики и мерки за справување со кризата
ММФ преку инструментот за претпазливост и ликвидност ќе обезбеди дополнителна ликвидност за нашата земја за надминување на тековните предизвици...

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева на онлајн средба со гувернерката на Народна банка Ангеловска – Бежоска, премиерот Ковачевски и министерот за финансии Бесими.
На неа е констатирано дека и покрај тоа што глобалното економско окружување носи крупни предизвици, носителите на економските политики преземаат силни мерки и политики. ММФ преку инструментот за претпазливост и ликвидност ќе обезбеди дополнителна ликвидност за нашата земја за надминување на тековните предизвици.
Од Народна банка велат дека примарна цел останува одржувањето на стабилноста. Досега во три наврати се реагираше кај основната камата и двапати кај задолжителната резерва.
