Првиот преживеан Македонец на Халкидики ги опишува драматичните моменти
Тој во интервју за грчките медиуми ги опиша драматичните моменти. Вели, кога отишол да плива со пријателите, се било мирно, немало високи бранови, ниту силен ветер...

Македонскиот државјанин Васил Брезовски е првото момче кој грчките служби успеаја да го спасат откако беше однесен во морето во Посиди на првиот крак на Халкиди. Тој во интервју за грчките медиуми ги опиша драматичните моменти. Вели, кога отишол да плива со пријателите, се било мирно, немало високи бранови, ниту силен ветер.
Но, за неколку минути сè се променило. Биле повлечени длабоко во водата. До него бил Иван, кого денеска го спасија, а третиот го изгубил од вид. За негова среќа, му пришол сурфер, кој му рекол да почека и да остане смирен, по што ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил. Со него останал додека не стасале спасувачите. 25 годишникот е во болница и им се заблагодари на спасувачите.
