Текстилната индустрија расте, но сеуште е во криза
14.04.2014 13:41
Лон производството да се замени за класичното и повторно да се создаде базната индустрија за да се создаде бренд...

Текстилната индустрија бележи пораст на производство за речиси 79 проценти но тоа не значи дека текстилот излезе од кризата, велат од здружението на текстилна индустрија. Сеуште трошоците се многу високи, а конкуренцијата силна.
Само два процента од домашните компаниите ги користат ресурсите. Македонската волна од сточарите се откупува за петнаесет денари и таа завршува во странските текстилни компании.
Лон производството да се замени за класичното и повторно да се создаде базната индустрија за да се создаде бренд, велат од здружението на текстилната индустрија.
Дијана Ценевска
