Протест

Нов протест против францускиот предлог

10.07.2022 21:43

По паузата поради празникот Курбан Бајрам, вечерва во Скопје продолжија протестите против прифаќањето на францускиот предлог. Рутата на собирот е од пред Владата, преку Министерството за правда до Собрание...

Со развиорени македонски знамиња и транспаренти граѓаните повторно се собраа пред Влада да ја пренесат пораката „Ултиматум не благодарам“. Повторно порачаа да не се прифати францускиот предлог бидејќи сметаат дека е штетен. Од пред Владата се упатија кон Министерството за правда и Собранието. Нема предавање, немаме алтернативна татковина и сите мораме да застанеме во одбрана.

Се обидувам да разберам зошто воопшто да преговараме кога и онака 15 години нема да влеземе во Европската унија. Не сакам да преговарам за нешто што е мое. Не сакам да ме нарекуваат севернамакедонка порача актерката Весна Петрушевска која беше дел од говорниците пред Собранието.

На собирот немаше инциденти, а протестите продолжуваат и наредните денови.

Ана Ј. Тодоровска