Шолц: Местото на Македонците е во Европската унија, но патот нема да биде лесен
Германскиот канцелар Олаф Шолц во јавно обраќање посочува дека местото на Македонците е во Европската унија. Дури и по прифаќањето на предлогот, патот нема да биде лесен, вели Шолц, но уверува дека заедно ќе се совладуваат задачите кои претстојат...

Германскиот канцелар Олаф Шолц во јавно обраќање посочува дека местото на Македонците е во Европската унија.
Дури и по прифаќањето на предлогот, патот нема да биде лесен, вели Шолц, но уверува дека заедно ќе се совладуваат задачите кои претстојат.
„Вашата земја повторно се соочува со носење на една многу важна одлука - дали сакате да го прифатите европскиот компромис? Со тоа, 17 години по доделувањето на статусот на кандидат за членство во ЕУ, може конечно да се одржи првата пристапна конференција за членство“, вели Шолц во обраќањето.
„Ние ве сакаме вас, драги Македонки и Македонци, зачленети во една унија, во која се чуваат и се негуваат вашите и нашите културни особености, нашите различни јазици и нашите идентитети. Тоа нè прави заедно силни. Ние сме и ќе останеме на ваша страна“, посочува Шолц во јавното обраќање до македонската јавност.
