Русија и Украина и натаму ги разгоруваат битките
И по петмесечно војување, Русија и Украина не успеваат да постигнат примирје. Киев ги повика цивилите во Херсон да се евакуираат, бидејќи украинските сили подготвуваат голем контранапад. Европа стравува дека Русија целосно ќе ја запре испораката на гас...

И по петмесечно војување, Русија и Украина не успеваат да постигнат примирје. Киев ги повика цивилите во Херсон да се евакуираат, бидејќи украинските сили подготвуваат голем контранапад. Битките на фронтот во Донбас и натаму се разгоруваат.
„Знаете дека нацистичките убијци ги наоѓаат и изнесуваат пред правдата и кога имаат 90 или 100 години. Ги апсат низ целиот свет. Ние, се разбира, нема да чекаме толку долго. Но ова ви го наведувам како пример за неизбежна казна за секој руски убиец. Буквално секој!“, порача Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Периодов „Северен тек“ нема да работи поради ремонт, но Европа стравува дека Русија се подготвува целосно да ја запре доставата на гас поради воведените санкции.
