Свет

Шри Ланка: Опозициските партии договараат нова влада

11.07.2022 10:13

Опозициските партии во Шри Ланка одржале состанок за да договорат нова влада. Притисокот врз државниот врв се зголеми откако демонстрантите упаднаа во резиденциите на двајцата лидери...

Опозициските партии во Шри Ланка одржале состанок за да договорат нова влада, еден ден откако претседателот и премиерот на земјата понудија оставка.

Притисокот врз државниот врв се зголеми откако демонстрантите упаднаа во резиденциите на двајцата лидери и го запалија домот на премиерот. Причина за насилните протести е економската криза.