Велика Британија

Деветмина ториевци во трка за наследник на Џонсон

11.07.2022 10:16

Деветмина конзервативци влегоа во трката за наследник на Борис Џонсон на позицијата „британски премиер“. Меѓу приоритетите во кампањата ќе биде оданочувањето, бидејќи Велика Британија се соочува висока инфлација...

Деветмина конзервативци влегоа во трката за наследник на Борис Џонсон на позицијата „британски премиер“ само неколку дена откако тој попушти под притисокот и поднесе оставка од лидерската позиција на партијата на ториевците.

Меѓу приоритетите во кампањата ќе биде оданочувањето, бидејќи Велика Британија се соочува висока инфлација, неконтролирано поскапување, стагнација во растот и релативно висока даночна стапка. Конзервативците треба да го изберат новиот лидер пред годинашниот партиски собир на стартот на октомври.