Свет

Топлотен бран во Шпанија, температури над 40 степени Целзиусови

11.07.2022 10:19

Официјален Мадрид активираше портокалова тревога поради вториот топлотен бран годинава во Шпанија. Најкритично е на Канарските Острови...

Официјален Мадрид активираше портокалова тревога поради вториот топлотен бран годинава во Шпанија. Температурите го надминаа 41 Целзиусов степен.

Најкритично е на Канарските Острови каде што е издадено предупредување од највисокото ниво. Метеоролозите најавуваат горештини и во наредните денови.