ДПА: Продолжуваме со активности за побера на парламентарните избори
Врз гласачите се вршеа притисоци, но продолжуваме со активности за победа на парламентарните избори, порачаа лидерот на ДПА Мендух Тачи и претседателскиот кандидат Илјаз Халими
На изборите се гласаше во вонредни услови зошто ако албанец оди да гласа се знае дека ќе гласа за Халими, затоа беа вршени притисоци, изјави лидерот на ДПА Тачи по завршувањето на гласањето.
Убеден е дека по две недели овие гласови ќе се удвоеле и дека ќе се преточеле во 13-14 пратеници и дека партијата ќе победи на парламентарните избори.
На прашањето на кому ќе му ја даде поддршката за вториот круг од претседателоските избори, Тачи одговори:
„Ова се многу јаки гласови, тешки, злато... Мислам дека тешко ќе биде да се договорат со нас, изкао искрено сеуште е рано да се зборува за тоа“, изјави Мендух Тачи – Претседател на ДПА
Претседателкиот кандидат Илјаз Халими им се заблагодари на сите што гласале за него.
„Ги почитувам и оние другите кои немале можност да излезат да гласаат“, изјави Илјаз Халими – Кандидат за претседател од ДПА
Нив ги оправдува затоа што, тврди, им се вршеле секакви притисоци за да не излезат на гласање.
Од партијата порачаа дека продолжуваат со нивната активност и ангажирање. Веруваат дека со поголема мабилизација ќе постигнат солиден резулат на престојните предвремени парламентарни избори.
Зоран Јовановски
