Македонија

Сè уште трае потрагата по третиот Македонец

11.07.2022 11:02

Во потрагата учествуваат патролни бродови, чамци и хеликоптер. Се трага и по брегот...

Сè уште трае потрагата по третиот Македонец кого го одвлекоа струите на Егејско море кај Посиди, на првиот крак Касандра на Халкидики.

Двајца од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил и 30-годишниот Иван, тие се спасени и се надвор од животна опасност.

Во потрагата учествуваат патролни бродови, чамци и хеликоптер. Се трага и по брегот.