27 години од масакрот во Сребреница
Денеска се навршуваат 27 години од масакрот во Сребреница, извршен во периодот од 11-ти до 23-ти јули 1995-та во граѓанската војна во Босна и Херцеговина. Во 2004-та, Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, едногласно пресудил дека масакрот во Сребреница бил геноцид...

Денеска се навршуваат 27 години од масакрот во Сребреница, извршен во периодот од 11-ти до 23-ти јули 1995-та во граѓанската војна во Босна и Херцеговина.
Во 2004-та, Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, едногласно пресудил дека масакрот во Сребреница бил геноцид.
До јули 2009, 6.186 жртви биле идентификувани преку ДНК анализа, а до 1 мај 2009 се откриени 6 илјади и 6 тела. Сепак, никој со сигурност не го знае конечниот број на убиени, бидејќи таква евиденција не постоела, а убиените се закопувани во групни неозначени гробници ширум регионот.
